Туск: Договорите за испорака на руски гас ја поткопуваат енергетската безбедност на Европа

Енергетската безбедност на Европската унија е поткопана од долгорочните договори за испорака на руски гас во Европа, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува ТАСС.

Енергетската безбедност на Европската унија е поткопана од долгорочните договори за испорака на руски гас во Европа, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Најголемиот дел од договорите со нашиот испорачувач – Русија – се склучени на повеќе од 20 години. Тоа ја поткопува нашата енергетска безбедност, стабилноста на пазарот. Напротив, добро е ако гасот доаѓа од разни снабдувачи според флексибилни договорни услови“, изјави Туск, пренесува ТАСС.

Токму затоа, според неговите зборови, во рамките на создавањето на европскиот Енергетски сојуз лидерите на земјите-членки на ЕУ апелираа „да се обезбеди целосна соодветност според законите на ЕУ на сите договори поврзани со купување гас од надворешни снабдувачи, особено по пат на зголемување на транспарентноста на тие договори и нивните соодветства на европските норми  за енергетско снабдување“. Истовремено самитот на ЕУ ја потенцираше „неопходноста да се гарантира заштитата на доверливоста на трговските информации во трговските договори за испорака на гас“.

Според зборовите на Туск, лидерите на Европската унија ја овластиле Европската комисија да подготви правни предлози за реализација на овие барања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња