Путин предложи „монетарна унија“ меѓу Русија, Белорусија и Казахстан

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека денес може да се зборува за формирање монетарна унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан, пренесува РИА „Новости“.

„Сметаме дека дојде време да се разговара за можноста за формирање во иднина монетарна унија“, рече Путин по завршувањето на трилатералната средба со учество на претседателите на Белорусија, Александар Лукашенко и на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, додавајќи дека во текот на разговорот исто така биле дискутирани и прашања за евроазиската интеграција.

Според него, „работејќи рамо до рамо, поедноставно е да се реагира на надворешните финансиски и економски закани и да се брани нашиот заеднички пазар“, пренесува РИА „Новости“.

Путин исто така истакна дека на средбата со Лукашенко и Назарбаев била дискутирана и нестабилната ситуација во светската економија.

Претседателот на Русија изјави дека ги очекува Лукашенко и Назарбаев во Москва на 8 мај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња