„Понатамошното зголемување на слободите за бизнис е најдобриот одговор на сите надворешни предизвици и ограничувања“, го цитира Владимир Путин РИА „Новости“. – Затоа ние, несомнено, ќе продолжиме да создаваме максимално поволни услови за секого кој е подготвен да инвестира во домашната економија и индустријата, во дизајн на технологии и современи работни места“.
Механизмите за амнестија на капиталот во Русија треба да одговараат на сите меѓународно-правни барања и да не предизвикуваат сомнежи за перење на пари, изјави претседателот Путин. „Државата и бизнисот за надминување на неповолната конјунктура во економијата треба да работат во партнерство и да си веруваат еден со друг, рече Путин. – Почитувани колеги, за да се надмине неповолната конјунктура, да се излезе на траекторијата на одржлив развој, можно е само преку партнерство на државата и бизнисот, - се разбира, без доверба тоа е невозможно, - преку заедничко разбирање на стратешките задачи на земјата и земање предвид на заемните интереси“.
Претседателот истакна дека механизмите за амнестија на капиталот треба да одговараат на потребите на ФАТФ (Финансиска оперативна група за борба против перењето пари). „Тие треба да бидат апсолутно легални и разбирливи од меѓународно-правно гледиште, за да не предизвикуваат кај никого сомневање дека сѐ што се случува во Русија (во таа сфера) во целост соодветствува и на меѓународното законодавство, и на меѓународната практика – меѓу другото, од гледна точка на недопуштање на одлив на капиталот, стекнат по незаконски пат“, изјави шефот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче