МНР РФ: Намерата на Америка да размести оклопна техника во Источна Европа покажува дека таа тежнее кон дестабилизација

Намерата на Вашингтон да размести оклопна техника во Источна Европа покажува дека Америка сака да ја дестабилизира ситуацијата, соопшти прес-службата на МНР Русија, а пренесува весникот „Взгљад“.

Намерата на Вашингтон да размести оклопна техника во Источна Европа покажува дека Америка ги игнорира интересите на безбедноста и сака да ја дестабилизира военополитичката ситуација, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува весникот „Взгљад“.

Во соопштението се обрнува внимание на изјавата на командантот на копнените сили на САД во Европа Фредерик Хоџис, кој соопшти дека во најскоро време во источноевропските земји ќе бидат распоредени американски воени формации во рамките на операцијата „Атлантска одлучност“. Помеѓу останатото, бројот на американската оклопна техника (тенковите „Абрамс“ и оклопните возила „Бредли“) ќе се зголеми од 60 на 220.

Руското министерство за надворешни работи истакна дека со одлуката воената техника  да се распореди во источноевропските земји „без ограничување на рокот“ НАТО го прекршува Основниот документ Русија-НАТО. Алијансата со тој документ се обврза на територијата на „новите членки“, т.е. во источноевропските земји за кои зборува Хоџис,  силите на НАТО нема да бидат постојано присутни во значителен број.   

Министерството смета дека одлуката на Вашингтон да ги игнорира овие обврски укажува на тоа дека САД „отворено ги занемаруваат интересите на европската безбедност и свесно водат кон дестабилизација на военополитичката ситуација“.

Министерството изрази надеж дека Европа ја согледува „опасноста без поговор да ги слуша советите на американските воени генерали и дека ќе избере пристап кој би ја исклучил можноста ситуацијата да се оттргне од контрола и да предизвика воена конфронтација меѓу Русија и НАТО“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.