МНР РФ: Активностите на САД во врска со руски државјани ќе наидат на одѕив од страна на Русија

Сѐ што преземаат САД во однос на руски државјани ќе има соодветен одговор од руска страна, изјави заменик-директорот на одделот за информација и печат на МНР РФ Марија Захарова.

Сите активности на Вашингтон во однос на руски државјани ќе наидат на соодветен одѕив од руска страна, изјави заменик-директорот на одделот за информација и печат на МНР РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.  

„Ние имаме јасна позиција. Во наведениов случај, сѐ што преземаат САД во врска со руски државјани, ќе наиде на соодветен одѕив од наша страна“, изјави рускиот дипломат во програмата на телевизискиот канал „Русија 24“, коментирајќи ја статијата на весникот „Известија“ дека над 200 политичари и функционери од  земјите на ЕУ и САД фигурираат на списоците со имиња на странски државјани на кои може да им биде забранет влезот во РФ.

Според информациите на весникот кој се повикува на извор близок до МНР РФ, на црниот список се помошници на претседателот на САД, конгресмени и сенатори (вкупно деветмина). Бројот на државјани на други земји е меѓу 10 и 20 луѓе. Поголемиот дел од списокот останува затворен. Истовремено изданието укажува дека списокот може да биде проширен

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.