Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претставува туристичкиот потенцијал Македонија на саемот за туризам во Москва што се одржува од 18 до 21 март 2015 година.
АППТ по четврти пат е дел од 2056 промотери и туристички компании кои ја претставуваат својата понуда за 203 туристички дестинации на најважниот саем за туризам на рускиот пазар.
Агенцијата ја продолжува одличната соработка со рускиот тур оператор “7 Tour”, со Руската Асоцијација на тур оператори и туристичките агенции „Амиго турс“ (Amigo tours) и „Интер-висам“ (Inter-visam), како и со здружението "Посетете ја Македонија" кое преку својот веб-портал нуди тури за Mакедонија и информации за најатрактивните туристички дестинации во нашата земја.
На саемот за туризам во Москва, Република Македонија се претстави со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50 000 посетители.
Според податоците на агенцијата, во последните неколку години броjот на руски туристи во Македонија е зголемен за 40%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче