Генералниот директор и основач на „Лабораторијата на Касперски“ Евгениј Касперски ги негираше информациите на новинската агенција „Блумберг“ дека компанијата им предавала податоци за корисниците на тајните служби на Руската Федерација. Ова го напиша Касперски на својот блог на веб-локацијата „e-kaspersky.livejournal.com“. Според програмерот, „значителен дел од материјалот“ објавен од „Блумберг“ е невистинит. Покрај тоа, Касперски ја исмеа статијата во која се содржи „тајна, никому непозната информација“ за „Лабораторијата на Касперски“.
Касперски истакна дека истражувањето на „сериозната новинска агенција Блумберг“ се совпаѓа со неодамнешното истражување на „Лабораторијата на Касперски“ за хакерските напади врз владините институции и воените установи на РФ од страна на кибергрупата „Equation“.
„Истрагата на зачудувачки начин се совпадна со нашето неодамнешно истражување за кибер-безобразието на групата „Equation“, која некои аналитичари ја евидентираа како NSA (Национална служба за безбедност на САД). Им честитам на сите! На соработниците, партнерите, клиентите, фановите и на оние кои едноставно сочувствуваат! Сериозната агенција Блумберг бараше врска со „руски шпиони“ и најде само...бања. Ура! Тие и не можеа да најдат ништо, затоа што го нема. Многу е комплицирано да бараш нешто што не постои“, напиша основачот на „Лабораторијата на Касперски“.
Претходно агенцијата„Блумберг“ соопшти дека руската компанија соработува со тајните служби на РФ, како и дека ги предава податоците што ѝ се достапни од антивирус програмата на американски институции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче