Претседателот на Летонија призна дека Русија не претставува закана

Москва не претставува воена закана за земјите на Северноатлантската алијанса, изјави претседателот на Летонија Андрис Берзиниш, пренесува ТАСС.

Москва не претставува воена закана за земјите на Северноатлантската алијанса, изјави претседателот на Летонија Андрис Берзиниш на заедничката прес-конференција со премиерот на Норвешка Ерна Сулберг.

„Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг петходно многу јасно го изнесе својот став за оваа ситуација. Конкретна опасност не постои за ниедна од земјите на НАТО, вклучувајќи ја и Летонија и другите балтички републики“, изјави Берзиниш, одговарајќи на прашањето дали Русија претставува закана за балтичките земји.

Истовремено, според летонскиот претседател, како на национално, така и на регионално ниво Летонија треба да ги преземе сите неопходни мерки за да ја зајакне својата одбранбена моќ. „Ние исто така ја добиваме сета неопходна помош од нашите партнери од НАТО, особено од Норвешка“, истакна Берзиниш, пренесува ТАСС.

„Се работи, помеѓу останатото, и за помошта од НАТО за реализација на патролирањето во воздушниот простор.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња