Министерот за финансии на РФ Антон Силуанов е сигурен дека врвот на негативата што беше забележан во руската економија на крајот на 2014 година и на почетокот на тековната, веќе помина. „Врвот на негативата помина и гледаме определени моменти на стабилизација“, рече денеска тој на собирот на Руското здружение на индустријалци и претприемачи“, пренесува „Интерфакс“.
Според зборовите на Силуанов, инфлацијата во Русија на крајот на 2015 година може да излезе пониска од официјалната прогноза од 12,2%. „Ние веќе гледаме прекршување, на наш поглед, на тенденцијата. Ако инфлацијата од година во година изнесуваше 16,7%, тогаш во половина од месецот март инфлацијата изнесуваше 0,5%. Тоа дури, според проценките, ќе биде пониско од минатата година“, рече тој.
„И ние сметаме дека ги имаме сите основи за да излеземе оваа година со планирана инфлација од 12,2%, понекогаш дури и помала. Сметаме дека имаме можности да обезбедиме инфлација од 11% до 12%, имајќи предвид дека во 16,7% инфлација 11 проценти се еднократните фактори предизвикани од промената на курсот и трговските санкции кои беа воведени“, додаде министерот. Тој смета дека на крајот на 2016 година инфлацијата може да забави на 6-7%.
Инфлацијата в Русија последниве три недели расте по 0,2% неделно, годишниот показател застана на 16,7%. Според прогнозата на Централната банка, на крајот на 2015 година инфлацијата ќе изнесува 12-14%, а на крајот на првиот квартал од 2016 года може да падне на 8,5-9% во споредба со истиот период од претходната година. Во 2017 година инфлацијата ќе забави до среднорочната цел од 4%, очекува Централната банка.
Министерството за економски развој на почетокот на февруари ја зголеми прогнозата за инфлација во РФ на 12,2% од 7,5% во споредба со претходната декемвриска прогноза. Согласно консензус-прогнозата на „Интерфакс“, подготвена уште на крајот на февруари-почетокот на март, инфлацијата во 2015 година ќе изнесува 12,5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче