Канцеларката на Германија Ангела Меркел смета дека не е во ред да се укинат санкциите против Русија, затоа што се реализирани само првите точки од Минската спогодба, пишува „Взгљад“.
„Мината година ние Европејците, воведовме санкции во неколку етапи. Тие истекуваат во јули и септември. Ние не сакаме и не можеме да ги укинеме ако бидат исполнети само првите барања од Минската спогодба. Тоа не би било во ред“, изјави канцеларката зборувајќи во Бундестагот пред самитот на ЕУ.
Меѓутоа, постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов истакна дека критичкиот однос кон санкциите против Русија расте меѓу земјите-членки на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче