Медиуми: Путин му попречи на Западот да ги распродаде ресурсите на Русија

Западот не е задоволен од Путин затоа што тој не им дозволи на странските транснационални корпорации да профитираат од богатствата на Русија, смета францускиот сајт „Агора вокс“ (Аgora Vox).

Агресивната кампања против рускиот претседател во редица странски медиуми, според францускиот медиум, е предизвикана поради тоа што Западот е незадоволен од постапките на човекот кој решил да ја изведе Русија од економската криза од крајот на ХХ век, пишува францското издание на „Агора Вокс“ (Agora Vox).

Западот планираше големи, алчни проекти во посткомунистичка Русија и дури и почна да ги реализира, меѓутоа  Владимир Путин не им дозволи да се развиваат“, смета француското издание. Токму тоа е причината за хистеријата во западните медиуми. „Политичарите и медиумите на Запад заедно манипулираат со информациите за  да им служат на економските интереси на своите спонзори“, е заклучокот на списанието.

Главната цел на забрзаната приватизација која ја препорачуваа Светската банка и ММФ, изданието ја нарекува распродажба за без пари на нафтената и рудната индустрија на транснационалните корпорации, што веќе многупати се има случено во земјите во развој. Рускиот претседател, пишува „Агора Вокс“, постепено ги ревидираше договорите со западните компании, а порастот на цените на енергетските ресурси во комбинација со мерките за заздравување на економијата ѝ дозволи на земјата пред рокот да го исплати целиот износ на надворешниот долг.

„Путин не е идеален. Тој има свои маани. Сепак, благодарејќи нему, се овозможи брза обнова на економијата на земјата“, пишува изданието, заклучувајќи дека токму со тоа можат да се објаснат високите рејтинзи на политичарот во земјата и незадоволството од него на Запад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња