Лавров: Реакцијата на Вашингтон на кршењето на Минската спогодба од страна на Киев е парадоксална

Парадоксално е што Вашингтон го поздравува грубото кршење на Минската спогодба од страна на Киев, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новсти“.

Парадоксално е што Вашингтон го поздравува грубото кршење на спогодбата од страна на Киев во врска со ситуацијата на истокот на Украина, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров. Според него, Вашингтон се однесува како да го поттикнува Киев да го реши конфликтот во Донбас по воен пат, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Русија изрази надеж дека Германија и Франција нема да ги игнорираат најновите одлуки на Киев за Донбас. „Украинското раководство […] во суштина ја поништи својата обврска да води директен дијалог и да се договара со југоистокот на Украина, меѓу другото и за избори, за примена на законот за посебниот статус. Се надеваме дека Франција и Германија, чии лидери го заложија својот авторитет во Минската спогодба од 12 февруари, нема да ги игнорираат овие потези“, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија исто така истакна: „Мислам дека созреаја условите за разговор во „Нормандиски формат“. Се обратив до моите колеги, министрите за надворешни работи на Германија и Франција, со предлог итно да се преземат потребните мерки за да не дозволиме ситуацијата да избега од контрола“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.