Испраќањето воени инструктори од западните земји во Украина нема да придонесе за зајакнување на довербата, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Тоа без сомнение нема да придонесе за јакнење на довербата, ниту за попуштање на тензијата во конфликтот. Можеме со сигурност да кажеме дека тоа нема да помогне во решавањето на ситуацијата“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости“.
Претходно беше соопштено дека 35 британски инструктори започнале со обука на украински војници во Николаево. „Првпат една од западните земји реализира комплетна програма за обука на војници во Украина“, јави „Би-Би-Си“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче