Каналите за комуникација меѓу воените раководства на РФ и САД остануваат отворени, можат да се користат по потреба, изјави денеска во програмата на каналот „Русија денес“ (Russia Today) замник-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов, пренесува РИА „Новости“.
„Сите линии за врска, сите канали за комуникација (меѓу РФ и САД) како и претходно постојат“, изјави Антонов, истакнувајќи дека „можат да се користат“.
Заменик-министерот изрази увереност дека доколку „министерот за одбрана на САД реши да му заѕвони на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу“, негативен одговор нема да има.
„Жешката линија“ Вашингтон-Москва, наменета за врска меѓу раководителите на СССР и САД, беше воведена на 30 август 1963 година, набргу по завршувањето на Кубанската криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.