„Портфолиото со нарачки е многу добро, и тоа исто така претставува показател за стабилноста во работата на „Рособоронекспорт“. Тоа постојано варира околу 39-39,5 милијарди долари. Сега е 39 милијарди“, изјави генералниот директор на компанијата Анатолиј Исајкин, пренесува РИА „Новости“.
Во вторникот тој изјави дека минатата година „Рособоронекспорт“ испорачал оружје во странство за сума од 13,2 милијарди долари, надминувајќи го планот за 22 милиони долари.
Во февруари Исајкин изјави дека Русија во 2015 година, без оглед на санкциите, ќе го исполни планот за извоз на оружје за околу 15 милијарди долари.
Во јануари претседателот Владимир Путин изјави дека во 2014 година Русија испорачала во странство оружје за над 15 милијарди долари. Според него, биле склучени нови договори за речиси 14 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче