ЕУ: Русија и Турција треба да ја усогласат изградбата на„Турски тек“ со нас

Русија и Турција треба да ја усогласат со Европската унија изградбата на гасоводот „Турски тек“, изјави потпретседателот на Европската комисија за енергетски прашања Марош Шефчович во текот на посетата на Турција.

Русија и Турција треба да ја усогласат со Европската унија изградбата на гасоводот „Турски тек“, изјави потпретседателот на Европската комисија за енергетски прашања Марош Шефчович во текот на посетата на Турција.

Според него, Европската комисија нема детална студија на проектот, сепак сите слични проекти треба да бидат економски исплатливи и да одговараат на обврските на руски „Гаспром“ за долгорочни проекти со европските партнери. „Ако станува збор за значителен пораст на понудата за потрошувачите на гас во Европа, таквите понуди е невозможно да се даваат без дијалог, без учество на ЕУ и Европската комисија“, рече Шефчович.

Тој исто така изрази загриженост за перспективата на поместувањето на патиштата за експорт на руски гас подалеку од Украина. „Јас не сметам дека измените од таков вид се банална процедура, и со голем клиент каков што е Европската унија не треба да се постапува на таков начин“, изјави потпретседателот на Европската комисија.

Оваа изјава доаѓа по денешната изјава на министерот за енергија и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз на конференцијата за нафта и гас „Туроге 2015“ во Анкара дека Турција и Русија постигнале договор за попуст од 10,25% на рускиот гас што се испорачува во Турција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња