Анкета: 67% од Германците ја сметаат Русија за светска сила

Мнозинството Германци како и претходно ја сметаат Русија за моќна држава која има сериозно влијание на светските процеси, вели анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење на Аленсбах, објавена денес од „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Мнозинството Германци како и претходно ја сметаат Русија за моќна држава која има сериозно влијание на светските процеси. Ова се резултатите од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење на Аленсбах, објавени денес од „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

На прашањето „дали Русија како и порано е светска сила“, 67% од испитаниците оговориле потврдно. Како што истакнуваат социолозите, истиот резултат бил добиен и во 2008 година, меѓутоа во 2011  Русија како светска сила ја окарактеризирале само 38% од испитаниците. Како што се истакнува во статијата, очигледно е дека врз резултатот на анкетата влијание имала политиката на Кремљ во врска со украинската криза.

За ова зборува и фактот што бројот на жители на Германија кои се согласни со тврдењето „Русија игра важна улога во светската политика“ во последните 7 години се зголемил од 72% на 82%, истакнува изданието.

Истовремено за укинување на антируските санкции во Германија се залага малцинството испитаници: за укинување или омекнување се изјасниле 21%,  додека 39% сметаат дека санкциите треба да останат, 19% - да се засилат.  Социолозите истакнуваат дека уште пред два месеца   укинувањето или омекнувањето на санкциите против Русија би било одобрено од 31% анкетирани.    

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња