Набљудувачите на ОБСЕ кои работат во зоната на конфликтот на истокот на Украина немаат докази за учество на Русија во снабдувањето на бунтовниците, но се сомневаат дека тоа е можно, изјави генералниот секретар на организацијата Ламберто Заниери.
„Единствен доказ, ако можам да кажам така, е тоа што конфликтот трае со месеци, а ние гледаме дека сепаратистите не остануваат без муниција, гориво. Кога им треба опрема, тенкови и артилерија, доколку тоа им е уништено, тие секогаш добиваат ново“, изјави Заниери за новинарите, пренесува РИА „Новости“.
Количеството на техника и опрема кои ги видовме кај сепаратистите во текот на овие месеци го надминува, според нашите процени, онаа воена опрема која тие можеа да ја најдат на истокот на Украина. Значи, таа требало да пристигне од некаде. Ние не видовме дека дошла од Украина, затоа можам да заклучам дека можела да дојде од другата страна на границата“, објасни тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче