Роскосмос и НАСА потпишаа договор за превоз на космонаути до МВС за 2017 год

Федералната вселенска агенција (Роскосмос) и НАСА потпишаа договор за превоз на американски астронаути до Меѓународната вселенска станица со бродовите „Сојуз“ до 2017 година, информира ТАСС.

Федералната вселенска агенција (Роскосмос) и НАСА планираат есенва да потпишат договор за превоз на американски астронаути до Меѓународната вселенска станица со бродовите „Сојуз“, соопштија од прес-службата на руската агенција.

„Роскосмос и НАСА потпишаа договор за превоз на космонаути до МВС за 2017 година. Потпишувањето на ист договор за 2018 година се планира за есенва“, соопштија од руската агенција, пренесува ТАСС.

Во февруари Научно-техничкиот совет на Роскосмос одобри користење на МВС до 2024 година, летови на Месечината во 2030-те години и изградба на сопствена орбитална станица. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња