Обидите да се препише е фалсификува историјата на Втората светска војна се насочени кон поткопување на авторитетот и силата на современа Русија, изјави денеска претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Понекогаш навистина јазикот не се осмелува да ги прераскаже сите тие бесрамни заклучоци, таканаречени наоди кои немаат ништо заедничко со вистината. Нивната цел е разбирлива – да се нагризе силата и моралниот авторитет на современа Русија, да ја лишат од статусот на земја-победник со сите придружни меѓународно-правни последици, да ги поделат и скараат народите, да се искористат историските шпекулации во геополитичките игри“, изјави претседателот на седницата на организацискиот комитет за прославата на 70-годишнината од Победата во Втората светска војна.
Тој истакна дека во денешно време се случуваат обиди за „оцрнување“ на цела генерација луѓе.
„Денес гледаме не само обиди, за жал, да се преиначат, извитоперат настаните од таа војна, но и цинична, нескриена лага, нагло оцрнување на цела генерација луѓе кои дадоа практично сѐ за таа победа и кои го одбранија мирот на земјата“ изјави претседателот Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче