Париз се надева дека Москва ќе помогне во организацијата на конференција за климатските промени

Франција се надева дека Русија ќе помогне годинава во Париз да се организира меѓународна конференција за климатски промени, изјави денес специјалниот пратеник на претседателот на Франција за заштита на планетата Никола Ило.

Франција се надева дека Русија ќе помогне годинава во Париз да се организира меѓународна конференција за климатски промени, изјави денес специјалниот пратеник на претседателот на Франција за заштита на планетата Никола Ило.

„Потребна ни е соработка и ангажираност со Русија за да се осигуриме дека конференцијата во Париз ќе биде успешна“; рече тој на прес-конференцијата во Москва.

Ило исто така рече дека улогата на Москва во борбата со климатските промени беше исклучително важно со оглед на фактот дека Русија може да даде пример за другите големи емитери. „Потребна ни е помошта од Русија со оглед на нејзиното влијание во рамките на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

„Главната цел на конференцијата во Париз е потпишувањето на спогодба од 195 земји-членки што би го заменила сегашниот Протокол од Кјото за намалување на емисијата на штетни гасови“, изјави тој.

21-та меѓународна конференција на ООН за климатски промени ќе се одржи во Париз  на крајот на Ноември – почетокот на декември 2015. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња