Над 15000 војници ќе маршираат на московскиот Црвен плоштад за Парадата на Победата, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Што се однесува на главниот настан на 9 мај, Парадата на Победата на Црвениот плоштад, бројот на војници кои ќе маршираат на парадата ќе се зголеми за речиси 50% во споредба со парадата од 2010 година и ќе надминува 15000“, рече министерот.
Тој исто така рече дека е донесена одлука за учество во парадата на шест единици кои ќе ги претставуваат училиштата „Суворов“, „Нахимов“, морнаричките и музичките училишта, како и училиштата за кадети и Козаци.
„Историскиот дел од воената парада ќе вклучува маршови со знамиња од сите фронтови, борбени знамиња на прославените армиски единици како и парадни чети во воени униформи кои ќе носат оружје од времето на Големата татковинска војна“, изјави Шојгу.
Почесната коњаничка придружба од Претседателскиот полк ќе маршира на Црвениот плоштад на крајот на историскиот дел од парадата, рече министерот.
„Механизираната колона планирано е да се состои од 194 единици со оружје и воена опрема. Некои ќе бидат прикажани првпат на 9 мај“, рече Шојгу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче