Според канцеларката на Германија Ангела Меркел прашањето за санкциите против Русија ќе биде конечно решено не порано од јуни, во март ќе има само политички дискусии.
„Ние ќе го разгледаме прашањето за тоа што ќе се случи доколку Минската спогодба не биде исполнета, но тоа не значи дека сме подготвени уште денес да примениме мерки. Станува збор за груби прекршувања, зборот Мариупољ беше изговорен многупати, во врска со тоа ќе се решава прашањето за нови санкции. Но засега станува збор само за политичка дискусија. Ние можеме да си претставиме дека Минскиот пакет-мерки ќе биде во целост исполнет“, ја цитира изјавата на Меркел РИА „Новости“.
Канцеларката на Германија одново истакна дека темата на санкциите и Минската спогодба се поврзани: „Сега, во март, нема да биде донесена легална одлука, (прашањето) ќе се разгледува политички. Јас се надевам дека ќе биде донесена одлука кое сега не можам да го предвидам. И само во јуни, кога ќе бидат донесени веќе легални одлуки, ќе можеме да се вратиме (на тоа прашање)“, изјави Меркел.
Таа додаде дека прашањата за анексијата на Крим не спаѓаат во доменот на Минската спогодба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче