Во Министерството за образование и наука на Украина изработено е дополнение на учебникот по историја за учениците во 11 клас. Дополнението содржи информација за „настаните на Мајдан“ и „руско-украинската војна“, информира прес-службата на министерството.
„Работна група изработи за учителите методска брошура со обем од околу 40 страници, а за учениците во 11 клас – дополнителна глава во учебниците по историја на Украина со обем од околу 25 страници“, го цитира соопштението ТАСС.
Од Министерството констатираа дека на тој начин ја завршиле работата за дополнување на програмата со материјали за „револуцијата на достоинството“, како што ги нарекува тековната власт настаните од јануари-февруари 2014 година и државниот преврат што следеше, како и за „руско-украинската војна“.
Во Министерството за образование прецизираа дека печатењето на наведените материјали ќе се врши со вонбуџетски средства, а нивната промоција ќе се одржи во најскоро време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче