Путин, Назарбаев и Лукашенко ќе разговараат за Украина на 20 март во Астана

Претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија Владимир Путин, Нурсултан Назарбаев и Александар Лукашенко на 20 март во Астана ќе дискутираат за ситуацијата во Украина и тенденциите во светската економија, соопштува Кремљ.

Претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија Владимир Путин, Нурсултан Назарбаев и Александар Лукашенко во текот на средбата во Астана ќе дискутираат за ситуацијата во Украина и тенденциите во светската економија.

„Страните имаат намера да дискутираат за состојбата и перспективите за развој на трговско-економската соработка на трите земји, евроазиските интегративни процеси со земање предвид влијанието на современите тенденции во светската економија. Се предвидува и размена на мислења за актуелни меѓународни прашања, пред сѐ за ситуацијата во Украина“, се вели во соопштението на веб-локацијата на Кремљ.

Во рамките на посетата планирана е и билатерална средба на Владимир Путин со Нурсултан Назарбаев.

Претходно беше планирано Путин да ја посети Астана на 12 и 13 март. Меѓутоа во средата прес-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков потврди дека средбата на лидерите е одложена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња