Претседателот на РФ Владимир Путин нареди од 08:00 според московско време да се стави во целосна боева готовност Северната флота, како и одделни единици на ВДВ и Западниот воен округ (ЗВО) во рамките на ненадејна проверка. Ова го соопшти министерот за одбрана Сергеј Шојгу во Националниот команден центар за одбрана на Русија, пренесува ТАСС.
Како што истакна министерот за одбрана, во проверката на боевата готовност учествуваат речиси 40 илјади војници, повеќе од 55 бродови и подморници, 110 авиони и хеликоптери. Нејзината главна задача е оценување на капацитетите на Северната флота за осигурување на воената безбедност на РФ на Арктикот.
Со таа цел ќе биде засилена групата сили на Нова Земја и Земјата на Франц Јозеф. Исто така, руските војници ќе ја уништат воено-поморската група на замислен противник и ќе одработат префрлање на сили за специјална намена на големи растојанија, додаде Шојгу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче