Порошенко повика на бојкот на СП 2018 во Русија

Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека СП 2018 во фудбал во Русија треба да се бојкотира сѐ додека конфликтот на југоистокот на Украина не биде регулиран, пренесува РТ.

Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека СП 2018 во фудбал во Русија треба да се бојкотира сѐ додека конфликтот на југоистокот на Украина не биде регулиран.

„Мислам дека треба да се зборува за бојкот на тоа светско првенство. Сѐ додека руската војска се наоѓа во Украина, незамисливо ми е одржувањето на светското првенство во таа земја“, изјави Порошенко во интервју за германското издание на „Билд“ (Bild), пренесува РТ (RT).

Тој исто така додаде дека политиката не треба да има врска со спортот, но сѐ додека ситуацијата во Донбас е нерешена, успешната фудбалска екипа од Донецк „Шахтјор“ е принудена да тренира 1,2 илјади километри од својот роден град, во Лавов.

Во ноември минатата година генералниот секретар на ФИФА Жером Валке изјави дека светското првенство во фудбал 2018 година во Русија не треба да се користи во политички цели.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња