РФ може да ги регулира спогодбено двете тужби од ЕУ против Русија во рамките на СТО – за царините на LCV, како и за увозните царини од РФ за хартија, масло и ладилници. Ова го изјави министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев, пренесува ТАСС.
„Тоа е, пред сѐ, тужбата на европските партнери за царинските давачки за хартија, палмино масло и ладилници. Веројатно, тоа е и тужбата за LCV", - изјави министерот.
На почетокот на март Уљукаев изјавуваше дека во текот на неговите преговори со еврокомесарот за трговија Сесилија Малстрем беше решено постепено да се префрлаат споровите меѓу страните во рамките на СТО на вонсудско ниво. Притоа, според зборовите на министерот, за две-три барања ова прашање може да биде решено набрзина.
На крајот на октомври 2014 година ЕУ поднесе тужба во СТО против Русија по прашањето за тарифите на земјоделското и индустриското производство, особено за хартијата, картонот, палминото масло и неговите фракции, ладилниците и коморите за замрзнување. Од ЕУ истакнуваа дека Русија вовела за тие стоки увозни царини на ниво кое ги надминува нејзините спогодби во рамките на СТО.
Тужба против Русија во СТО во врска со руските антидампинг увозни царински давачки во однос на лесните комерцијални возила од Германија и Италија беше поднесена во мај 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче