Путин: Конците на државниот преврат во Украина ги влечеа САД

Вистинските „куклари“ на државниот преврат во Украина беа САД, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во документарниот филм „Крим. Патот за Татковината“, пренесува „Вести.ру“.

Без оглед на поддршката која украинската опозиција ја доби од Европа, вистинските „куклари“ на државниот преврат во Украина беа САД, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во документарниот филм „Крим. Патот за Татковината“ кој денеска ќе биде премиерно прикажан  на ТВ-каналот „Русија 1“.

„Формално, опозицијата ја поддржуваа пред сѐ Европејците. Но ние сосем прецизно знаевме, не едноставно да сфаќаме, туку знаевме, дека вистинските куклари беа нашите американски партнери, пријателите. Тие ја помогнаа обуката на националистите, тие помогнаа да се обучат воените единици. Обуката се одржуваше на западот на Украина и во Полска, и делумно во Литванија. Како постапија нашите партнери? Помогнаа да се организира државниот преврат“, рече претседателот на РФ.

„Јас генерално не мислам дека тоа е најдобриот начин да се делува на меѓународната сцена, а тоа особено се однесува на државите од постсоветскиот период, затоа што тие држави сѐ уште не се стабилизирани, тие се кревки“, ги цитира зборовите на Путин „Вести.Ru“. „Треба со почит да се однесуваме спрема државноста, Уставот, системот на правото.  Сето тоа е погазено. И гледате колку се тешки последиците? Дел (од Украина) се согласи со тоа, а дел не сака да го прифати тоа. И земјата се распадна“, заклучи Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња