Политиколог за демонизацијата на Русија: Западот бие во барабаните на војната

Западните медиуми се претворија во министерство за пропаганда пропагирајќи ја идејата за руската закана, додека реалната закана доаѓа од Вашингтон, и таа закана е кампањата за демонизација на Русија, убеден е американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс, пишува РИА „Новости“.

Западните медиуми се претворија во министерство за пропаганда, плански пумпајќи ја ситуацијата во светот и набивајќи им ја во главите на луѓето идејата за руската закана, додека реалната закана доаѓа од Вашингтон, и таа закана е кампањата за демонизација на Русија, убеден е американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс, пишува РИА „Новости“.

Како пример тој на својот личен блог ја дава емисијата на Волф Блицер, која се прикажува на каналот Си-Ен-Ен, каде Русија се прикажува како извор на агресивната воена политика.  

Робертс истакнува дека американската воена грозница се шири и надвор од границите на САД, наведувајќи ги како пример највисоките функционери на Велика Британија, кои ја повторуваат идејата за заканата од Русија.

„Слична пропаганда доаѓа и од Велика Британија, каде министерот за одбрана Мајкл Фалон изјави дека Русија претставува „реална и непосредна закана“ за Европа“, пишува Робертс.

Авторот истакнува дека западната пропагандистичка машина ја сруши довербата меѓу двете нуклеарни суперсили, потенцирајќи дека токму користејќи ги обвинувањата дека Русија сака да ги нападне балтичките земји, САД успеаја да дојдат до тоа да испратат таму своја војска и тенкови.  

Очигледно е дека заканата за Соединетите Држави и целиот свет се наоѓа во Вашингтон, а не во Москва“, пишува Робертс, забележувајќи дека изворот на таа закана е идеологијата на САД за глобална хегемонија која ја поддржуваат и на секој начин ја промовираат американските корпорации кои се стремат да управуваат со светските ресурси.

Аналитичарот истакнува дека, доколку се разгори војна, одговорноста за тоа ќе ја понесат „Волфите Блицери“ „кои биеја во барабаните на војната“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.