Над 220 девојки ќе можат да се запишат на воените академии во Русија годинава

Над 220 девојки ќе можат да се запишат во воените академии на Русија во 2015 година, соопшти денеска заменик-министерот за одбрана на РФ Татјана Шевцова, пренесува РИА „Новости“.

Над 220 девојки ќе  можат да се запишат во воените академии на Русија во 2015 година, соопшти денеска заменик-министерот за одбрана на РФ Татјана Шевцова, пренесува РИА „Новости“.

„Годинава планираме да запишеме 223 девојки во Воено-поморската, Воено-медицинската и Академијата за врски. Денеска во Министерството за одбрана се обучуваат речиси 700 девојки-курсисти кои се обучуваат за 14 специјалности“, рече таа во текот на разговорот со воспитаничките на пансионот на Министерството за одбрана на РФ.  

Таа прецизираше дека во моментов бројот на пријавени девојки за воените академии е неколкупати

Поголем од бројот на слободни места.

Во руската армија вкупно служат 35 илјади жени, од нив 2,6 илјади се жени-офицери. Командни должности вршат 72 жени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња