Аналитичар: САД ја „штимаат“ Европа против Русија веќе 70 години

Британскиот аналитичар Тони Гослинг во интервју за „Прес ТВ“ смета дека сегашната политика на САД ѝ штети на Европа, што може да доведе до нејзино пропаѓање.

Уште откако заврши Втората светска војна Вашингтон прави сѐ Европа да не ги развива своите односи со Русија, изјави британскиот активист за човекови права, историчар и новинар Тони Гослинг во интервју за „Прес ТВ“ (Press TV).

Аналитичарот објаснува дека по Втората светска војна, САД преку ЦИА организираат конференции на таканаречената Билдерберг група на која се собираат високопозиционирани функционери, политичари и банкари. Главната идеја за свикување на конференцијата била да се соберат на едно место американските политика и пари со европските.

Притоа Гослинг укажува дека непријателски настроениот спрема Русија кампус во Европа се распаѓа.

„Не е во интересите на Европа, и Германија ова постепено го осознава, да води со Русија каква било трговска војна, особено во моментот кога и економијата, и еврото се наоѓаат во толку жална состојба“, истакнува новинарот.

Освен тоа, Гослинг предупредува, доколку оваа „умоболна“ политика продолжи, тогаш во услови на нестабилна економска ситуација Европа може да „падне преку работ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња