Украина ќе ги искористи изјавите на адмирал Касатонов за тужби против Русија

Украина има намера да ги искористи изјавите на поранешниот командант на Црноморската флота на РФ Игор Касатонов за тужби против Русија, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Евгениј Перебејнис, пренесува „112.уа“.

Украина има намера да ги искористи изјавите на поранешниот командант на Црноморската флота на РФ Игор Касатонов за тужби против Русија.  Ова го соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Евгениј Перебејнис, пренесува „112.уа“.

„Сите тие искази ќе бидат вметнати во тужбите кои ќе бидат разгледувани против Русија. Ова е јасно признание за тоа дека никаков референдум немало, сѐ е фалсификувано. Крим е заземен по наредба на највисокото раководство на Русија, и тие се тркаат во фалењето како било направено тоа“, истакна претставникот на министерството.

Претходно премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека во судскиот процес против Русија, кој Киев има намера да го води пред меѓународни судови, украинската страна има намера да го употреби и рускиот документарен филм „Крим. Патот за Татковината“. Тој му наложи на министерството за правда да го предаде соодветниот материјал во Хашкиот трибунал, и додаде дека за филмот „треба да се заинтересираат меѓународни обвинители и иследници“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.