Став: Санкциите на ЕУ против Русија се незаконски

Антируските санкции на Европската унија се незаконски, затоа што се донесени без судска постапка, изјави за РИА „Новости“ претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за уставно законодавство Андреј Клишас.

„Одлуките во однос на физички лица, кои задираат во нивните права и слободи, се донесени без судска постапка врз незаконска основа“, изјави Клишас.

Според него, продолжувањето на санкциите зборува за „проблемот во разбирањето на човековите права во самата Европска унија“. „Самите санкции и нивното продолжување, особено во споредба со тоа што прават со човековите права оние што се под покровителство на Европската унија во Киев, зборува за сериозниот проблем со човековите права во земјите на Европската унија, особено ако се сетиме не само на приказната поврзана со Украина, туку и на темата со тајните затвори на ЦИА на територијата на Европа“, истакна сенаторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња