САД се обидуваат да внесат раскол во односите на Русија и Европа, надевајќи се да ја преориентираат економијата на ЕУ од руски на американски гас, изјави политикологот, координатор на Меѓународната мрежа против оружјето и нуклеарната енергија во вселената Брис Гањон во интервју за „Прес ТВ“ (Press TV).
Сепак, според мислењето на аналитичарот, Европејците не се спремни да го прекинат бизнисот со Русија и не се задоволни од воведувањето на антируските санкции по повод украинската криза.
„Европските компании страдаат од антируските санкции и вршат огромен притисок врз своите влади за да се заврши со оваа американска војна против Русија и Украина“, изјави Гањон.
Соединетите Држави, уверен е политикологот, сакаат смена на режимот во Москва, затоа што Русија ги поседува најголемите на светот резерви на природен гас и значителни резерви на нафта.
Сите треба да разберат, објаснува Гањон, дека првата задача на Пентагон во моментов е да работи во вид на „сервис за експлоатација на ресурси за корпоративната глобализација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.