Во Русија се планира формирање агенција за прашања на националностите

Претседателот Путин ѝ наложи на владата да достави предлози за формирање орган кој ќе се занимава со сите прашања од сферата на меѓунационалните и етноконфесионалните односи, пишува весникот „Известија“.

Се планира формирање на федерална агенција за прашања на националностите во РФ; агенцијата ќе се занимава со реализација на државната политика во сферата на меѓунационалните и етноконфесионалните односи, пишува денеска весникот „Известија“ (Известия).

Според информациите на весникот, наложено ѝ е на владата да достави предлози за формирање на Агенцијата до 15 април.  

Претходно за прашањата за државната национална политика и меѓунационалните односи во Русија беше задолжено укинатото Министерство за регионален развој. По укинувањето на министерството, неговите должности за национална политика беа префрлени во Министерството за култура кое во владата го води вицепремиерот Александар Хлопонин.

Како што прецизираше извор на весникот близок до администрацијата на претседателот, новата федерална агенција ќе е занимава со зацврстување на единството на мултинационалниот руски народ и обезбедување на меѓунационална и меѓуверска хармонија. Исто така, задача на институцијата ќе биде етнокултурниот развој на руските народи, изработка и реализација на државните и федерални наменски програми во сферата на меѓунационалните односи, како и реализација на државен мониторинг и контрола во наведената сфера.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.