Снижувањето на каматната стапка на 14% ќе доведе до заштеда во буџетот на РФ

Банката на Русија денеска донесе одлука да ја спушти годишната каматна стапка на 14%, соопштува РИА „Новости“.

Снижувањето на каматната стапка на 14% ќе доведе до заштеда во буџетот на РФ, а покрај тоа намалувањето ќе овозможи стимулација на каматата на кредитите за бизнисот и населението, изјави за РИА „Новости“ заменик-претседателот на Комитетот за финансиски пазар на Државната дума Анатолиј Аксаков.

Банката на Русија по завршувањето на состанокот на советот на директори денеска донесе одлука да ја снижи каматната стапка од 16 март за 1 процент – на 14% годишно. Регулаторот ја објасни оваа одлука со потребата да се намалат ризиците за оладување на економијата без истовремено да се создаваат закани за засилување на инфлацискиот притисок.

„Јас предвидував уште едно снижување на каматната стапка уште во јануари, пред првото намалување на 15%. Се работеше за етапно снижување на каматната стапка до рајот на годината на 9-10% во зависност од снижувањето на инфлациските и девалвациските очекувања. Тоа треба да го стимулира намалувањето на каматите за кредитите за бизнисот и населението. Соодветно на тоа ќе расте обемот на кредитите во економијата“, изјави Аксаков.

„Ова снижување на каматната стапка исто така ќе доведе до заштеда во буџетот, затоа што програмите за субвенции се фиксирани за каматната стапка. Колку е повисока таа, толку повеќе требаат средства за субвенции“, додаде парламентарецот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња