Рогозин „сочувствува“ со САД во врска со порастот на ракетните потенцијали на РФ

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин со иронија ја коментираше изјавата на командантот на НОРАД, адмиралот Вилијам Гортни, за порастот на ракетните потенцијали на РФ, пренесува РИА „Новости“.

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин со иронија ја коментираше изјавата на командантот на НОРАД (NORAD), адмиралот Вилијам Гортни, за порастот на ракетните потенцијали на РФ, пренесува РИА „Новости“.

„Во Америка со вознемиреност ги истакнаа растечките потенцијали на ракетната одбрана на РФ. Сочувствувам. Колку ве разбирам!“, напиша Рогозин на Твитер.

Претходно шефот на командата за воздушно-вселенска одбрана на Северна Америка Вилијам Гортни изјави дека потенцијалите на Русија за ракетна одбрана растат, што може да предизвика дополнителни потешкотии во одбраната на територијата на САД од потенцијална закана.

САД во врска со несогласувањата со Русија околу Украина многупати изјавија за „необичен пораст на активностите“ на руските вооружени сили, вклучително и на стратешката авијација. Русија, од своја страна, изјавува за зголемување без преседан на активностите на НАТО на руските граници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.