Потпретседателот на ФИФА Џефри Веб изјави дека во моментов Русија не смее да го организира светското првенство во фудбал. Причина е високиот степен на пројава на расизам, пишува „И-Ес-Пи-Ен“ (ESPN).
„Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко, кој исто така влегува во извршниот комитет на ФИФА, го признава тоа. Не смее да се одржи светското првенство при сегашната состојба на работите во Русија“, изјави Веб.
Тој исто така истакна дека ФИФА ќе ѝ додели на Русија неколку соработници кои ќе му помагаат на организациониот комитет на СП-2018 во развојот на програмите за борба против расизмот. Соработката ќе започне годинава.
На почетокот на март и претседателот на ФИФА Сеп Блатер се закани со санкции за Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче