Песков ги демантира гласините дека на Путин му се родило дете

Прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков ги коментираше информациите дека Путин добил дете како новинарска „патка“, пренесува ТАСС.

Кремљ има намера на шега да објави конкурс за најдобра новинарска „патка“ по објавувањето на гласините дека на претседателот на РФ Владимир Путин му се родило дете. Вака прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков реагираше на барањето на магазинот „Форбс“ да ги коментира таквите претпоставки, пренесува ТАСС.

„Информацијата дека на Владимир Путин му се родило дете не соодветствува на реалноста“, изјави тој. „Планирам да се обратам до луѓето кои имаат пари со молба да организираат конкурс за најдобра новинарска „патка“, додаде Песков.

Известувањата за наводното раѓање на дете на Путин повикувајќи се на непроверени извори се појавија последниве денови во низа европски изданија.  

Владимир Путин има две возрасни ќерки – Марија и Катерина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња