ЕУ: Санкциите остануваат сѐ до целосна реализација на Минската спогодба

Европската унија се согласи да останат санкциите против Русија додека целосно не се реализира Минската спогодба, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на Европската унија се согласија да ги задржат санкциите против Русија сè додека целосно не се реализира Минската спогодба, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува „Ројтерс“.

Истовремено учесниците на самитот во Брисел нема да донесуваат одделни формални резолуции за продолжување на санкциите откако во јули ќе истече нивната рокот за нивната важност, предвиден со претходна одлука.

Според Туск, ублажувањето на санкциите треба да биде поврзано со реализацијата во целосен обем на спогодбата за мирно решавање на ситуацијата во Украина. „Ние треба да го задржиме делувањето на нашите санкции, сѐ додека Минската спогодба не биде исполнета во целосен обем“, истакна тој.

Како што се истакнува, во Минската спогодба е предвиден рок за исполнување на низа одредби од документот – крајот на 2015 година.

Во заклучокот се потенцира дека Европскиот совет е подготвен „да примени дополнителни мерки по потреба“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња