Властите на САД не сфаќаат доволно добро колку е важна за нив силна и просперитетна Русија, изјави за РИА „Новости“ претседателот на Советот за американско-руски односи и извршен директор на Руско-Американското Тихоокеанско партнерство (РАТОП) Дерек Норберг.
„САД недоволно добро го сфаќаат фактот дека тие самите се позаинтересирани за економски силна и просперитетна, а не страдална Русија“, изјави експертот. Според него, „силна Русија дава економски стимул на Европа и светската економија, вклучително и на американската“.
Тој исто така потсети дека „силна Русија е најважниот купувач на американските хартии од вредност“. На пример, според него, "владата на РФ последниве години постојано се наоѓаше во првите десет купувачи на хартии од вредност на Министерството за финансии на САД кои се од критично значење за американскиот буџет“.
„Бидејќи руската економија ослаби или ќе биде ослабена од западните санкции, Русија повеќе нема да може да ги купува тие хартии и со време ќе се ослободува од таквата актива што веќе ја има“, смета експертот. Според неговото мислење, „тоа е фундаментална закана за САД, која американските власти не ја разгледуваат доволно сериозно“. Особено што тоа, како што претпоставува експертот, може да доведе до зајакнување на позициите на Кина како главен купувач на американските хартии од вредност.
„Заканата за американскиот финансиски модел во врска со одвишната зависност од една странска влада е очигледна. Дотолку повеќе што станува збор за Кина“, убеден е Норберг.
Во Советот за американско-руски односи членуваат крупни компании од двете земји, како што се Ексон Мобил, авикомпанијата „Јакутија“, Американско-рускиот деловен совет (АРДС).
РАТОП се позиционира себеси како „единствен меѓурегионален форум меѓу САД и Русија кој ги обединува приватниот сектор, регионалните и федералните влади“. Цел на неговата работа е „проширување на трговијата и соработката меѓу истокот на Русија и западот на САД“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче