Амбасадорот на РФ во Шпанија: НАТО само во кулоарите ја моли Русија за соработка

Санкциите против Русија се пример за погрешни постапки на Брисел, смета амбасадорот на Русија во Шпанија Јуриј Корчагин, соопштува „Ла Вангардија“.

Санкциите против Русија се пример за погрешни постапки на Брисел, смета амбасадорот на Русија во Шпанија Јуриј Корчагин, соопштува „Ла Вангардија“ (La Vanguardia).

„Јанукович се подготвуваше да го потпише договорот за асоцијација на Украина со ЕУ, а нашите намери се состоеја од тоа што ние, трите страни, да седнеме на преговарачка маса и да смислиме како да го сториме тоа со најмалку штета за сите три страни, но сите наши предлози беа отфрлени“, изјави амбасадорот.

Корчагин потсети дека НАТО ги прекина сите односи со Русија, сепак, истакнува амбасадорот,  „во кулоарите“ тие (земјите-членки на НАТО) изјавуваат дека сакаат да соработуваат со Москва за  обука на авганистански пилоти, затоа што  сите хеликоптери кои се стационирани таму се од руско производство.

Тој истакна дека санкциите на ЕУ имаат „ефект на бумеранг“, а контрамерките воведени од Москва врз ЕС веќе ѝ донесоа на Шпанија загуби од околу 700 милиони евра.

Корчагин е уверен дека е потребно да се надмине кризата и да се врати довербата со која секогаш се истакнувале односите меѓу Русија и Европската унија.

Амбасадорот ги искажа своите ставови во текот на конференцијата во Католичкиот универзитет на Валенсија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.