Операцијата за блокирање на украинските единици на Крим минатата година успеавме да ја спроведеме успешно, затоа што разузнавањето на НАТО не успеа навремено да ја проследи, изјави во интервју за РИА „Новости“ командантот на Црноморската флота на РФ (1991-1992 година) адмирал Игор Касатонов.
„На Крим разузнавањето на НАТО превиде сѐ што можеше и што не требаше. Една од причините се крие во режимот на строгата радио тишина во периодот на концентрирање на силите, како и вештото користење на севастополската база, на транспортните борбени средства кои ги префрлуваа вооружените сили на Крим“, изјави Касатонов.
Тој ги цитираше зборовите на генерал-полковник Александар Волков: „Беше спроведена молневита концентрација на средства и сили за специјална намена на Крим со примена на мерки за маскирање, неочекувани за Украинците, како и широк спектар на мерки за благовремена дезинформациja на противникот".
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче