Руска компанија за 75 милиони долари ќе изгради гасовод во Македонија

Компанијата „Стројтрансгас“ веќе кон крајот на оваа недела ќе започне со изградба на делницата од гасоводот Клечовце-Неготино која ќе чини околу 75 милиони долари, пишува „Комерсант“.

Компанијата „Стројтрансгас“ веќе кон крајот на оваа недела ќе започне со изградба на делницата од гасоводот Клечовце-Неготино која ќе чини околу 75 милиони долари, пишува „Комерсант“.  Претходно се претпоставуваше дека оваа компанија ќе ја гради делницата  на „Јужен тек“ во Бугарија,  но на крајот на 2014 година Русија објави дек се откажува од проектот.

Според неименуван извор, во Македонија „Стројтрансгас“ ќе изгради гасовод долг 61 километар, со дијаметар од 508 мм. Работите можат да почнат веќе на крајот на оваа недела. Според планот малку повеќе од една година ќе помине во изградбата на делницата до Штип, потоа нејзиното продолжување до Неготино и изградба на уште 60 км за спојување на гасоводот со системот за транспорт на гас во Грција. Компанијата ја привршува подготвителната етапа за градба, вршејќи проценка на потребните сили и средства.                              

Од вкупната цена од 75 милиони долари, Македонија че плати само 15 милиони долари, а останатите работи ќе бидат пребиени од долгот на поранешниот СССР спрема Југославија, пишува весникот. Ова е постојниот договор кој банката ВЕБ и Народната банка на Македонија го потпишаа во 2010 година. „Стројтрансгас“ и „Македонски енергетски ресурси“ склучија договор за изградба во јули 2014 година. Засега Македонија добива руски гас преку Бугарија и Украина.

Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност искажа мислење дека цевководот преку Македонија ќе стане единствен за снабдување со гас за Србија, а спојувањето со системот за транспорт на гас на Грција гарантира стабилна испорака на гориво надвор од зависноста од судбината на транзитот преку Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.