РФ во НАТО изјави за опасноста од испорака на оружје за Украина

Русија на седницата на Советот за евроатлантско партнерство во НАТО изјави за опасноста од испорака на оружје и воена помош за Украина, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко, пренесува РИА „Новости“.

Русија на седницата на Советот за евроатлантско партнерство во НАТО изјави за опасноста од испорака на оружје и воена помош на Украина, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко, пренесува РИА „Новости“.  

Вчера во седиштето на НАТО се одржа седница на советот за евроатлантско партнерство (СЕАП) на ниво на амбасадори во која учествуваа земјите-членки и 22 земји-партнери. Како што соопшти алијансата, иницијатор на седницата била Украина.

„(Ние) укажавме на опасноста од испорака на оружје и давање воена помош на Украина. Тоа е во спротивност со Минската спогодба и само создава илузија за можност за решавање на кризата по воен пат“, истакна Грушко во коментарот упатен за руските новинари.

Русија исто така изрази „загриженост за катастрофалната хуманитарна ситуација на истокот на Украина, нешто што беше искажано меѓу другото и од Високиот комесар на ООН за бегалци“. „Обрнавме внимание на нападите врз претставниците на медиумите, црквите и свештениците. Раскажавме за хуманитарната помош од големи размери која Русија му ја дава на настраданото население на Донбас“, истакна Грушко.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња