Првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов ѝ препорача на заменикот-државен секретар на САД Викторија Нуланд, како одговор на нејзината изјава за „царство на теророт“ на Крим, да ја посети републиката за да се увери самата во невистинитоста на својот заклучок и однапред да не дава неосновани изјави на кримска тематика.
„Би излегла на улица, би се прошетала низ центарот, би видела како живеат луѓето, самата би поставила прашања“, ги цитира зборовите на Аксјонов РИА „Новости“.
Истовремено тој истакна дека пред да се суди за кримските власти, треба да се земат предвид моментите на надворешно влијание под кои се развива републиката.
Аксјонов изјави дека однапред не сака да ги коментира разните изјави на западните политичари насочени кон дискредитација на Крим. „Јас не коментирам соништа“, потенцираше шефот на републиката.
Тој исто така истакна дека Кримјаните можат со ист успех да зборуваат за „царство на теророт“ на територијата на САД, но не го прават тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче