Од Истражниот комитет на РФ ја нарекоа „фантазерство“ резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување меѓународна истрага за убиството на Борис Немцов, пренесува ТАСС.
„Чувствувам дека следен предлог на Европарламентот ќе биде меѓународна управа со Вооружените Сили на РФ. Фантазери...“, напиша официјалiot претставник на ИК РФ Владимир Маркин на својот профил на Твитер, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент со која се повикува Русија да спроведе меѓународна истрага за убиството на Борис Немцов.
Пратениците на ЕП сметаат дека смртта на Немцов претставува „најзначајно политичко убиство во современата историја на Русија“, се вели во текстот на документот. Тие бараат „да се спроведе меѓународна истрага земајќи го предвид фактот дека инструментите достапни во рамките на ОБСЕ, Советот на Европа и Обединетите нации ќе помогнат да се обезбеди непристрасност и интегритет на истрагата".
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче