Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон не планира да патува во Москва за да учествува на прославата по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна. Изјавата на официјален претставник на шефот на британската влада ја пренесува ТАСС.
Изјавата од Лондон доаѓа по вчерашната информација која ја пренесоа медиумите и која подоцна беше потврдена од самата канцеларка на Германија Ангела Меркел, која исто така изјави дека нема да присуствува на Парадата по повод Денот на Победата на 9 мај.
Одбивањето на лидерите на некои западни земји да учествуваат на јубилејната парада на Победата нема да влијае на големината на празникот, изјави прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
„Тоа нема да влијае на духот на празникот, на неговата емоционална компонента и на големината на празникот“ изјави тој за „Рускаја служба новостеј“.
Претставникот на Кремљ исто така истакна дека за празникот биле поканети „сите кои имале врска со тоа“, а дали ќе ја прифатат поканата или не – „тоа е веќе одлука на тој што добил покана“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче