Капсулата од бродот „Сојуз ТМА-14М" со тројца космонаути се приземји во подрачјето на казахстанската степа, изјави за РИА „Новости“ претставник на Центарот за контрола на летањето.
По половина година престој во орбитата, на Земјата се вратија космонаутите на Роскосмос Елена Серова, Александар Самокутјаев и астронаутот на НАСА Бери Вилмор. Екипажот изврши во орбитата повеќе од 50 научни експерименти. Голем број од тие експерименти имаа важно апликативно значење за науката, медицината и човештвото во целина.
Серова особено успешно го спроведе уникатниот експеримент „Визир“, во текот на кој таа успеа да направи снимка секој објект на Земјата на начин на кој на стручњаците би им биле точно познати неговите координати, и обратно – по зададени податоци да направи снимање на земјината површина според посебен метод од домашна разработка.
Работата на Меѓународната вселенска станица ќе ја продолжи новиот екипаж во состав: Тери Вертс (НАСА), Антон Шкаплеров (Роскосмос) и Саманта Кристофорети (ЕСА).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче